Вучиќ и Ердоган за цврста определеност и збогатување на односите помеѓу двете земји

0
180

Српскиот претседател Александар Вучиќ и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во вечерашниот долг и содржаен телефонски разговор уште еднаш ја истакнаа својата цврста определеност со заеднички сили да ги збогатат односите на двете земји, кои веќе се на високо ниво, и политички и економски, на Анадолу Агенција (АА).

Тие изразиле уверување дека низ работата на Високиот совет за соработка, како и на други начини, ќе продолжат уште посилно и решително да ги подобрат севкупните односи и соработка во сите области, соопштено е од Претседателството на Србија.

Заради тоа, Вучиќ го покани на Ердоган наскоро да ја посети Србија како би се одржала Втората седница на Советот за висока соработка и каде би биле договорени нови елементи на политичка и економска соработка меѓу двете земји.

Претседателот на Србија изјавил дека поддршката на претседателот Ердоган на турските инвестиции во Србија е од најголема важност за зајакнување на економијата и подобар животен стандард на граѓаните на Србија. Тој се заблагодарил за новите инвестиции на компании од Турција, велејќи дека турските инвеститори во голем број сакаат двајцата да ги угостат за време на официјалната посета на претседателот Ердоган во Србија како и во таа прилика можат да отворат и нови погони.

Потсетуваме дека на 24.јануари од Амбасадорот на Р.Турција во Белград Танжу Билгич беше соопштено дека на покана на Српскиот претседател се очекува Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во јуни да ја посети Србија.