УТРИНСКА ХИПНОЗА

0
1034
Пишува :Демир Равманоски

Ние сме уммет на кој во Кур’ан му пишува “жими утрото”, но повторно стануваме кај ручек, го читаме ајетот “жими времето”, но повторно го губиме времето беспотребно!

Додека го читам првиот дел од оваа горенаведена реченица си мислам, ние кај ручек стануваме до вечера сме во утринска хипноза, а потоа повторно дојде времето за спиење.И така деновите ни поминуваат без никаква продуктивност.

Ако гледаме од друг аспект на нас ни поминува и животот во спиење, кога викам на нас мислам прво како Уммет, а второ како народ кој неможе да си ги препознае своите корени. Ние сме Уммет кој постојано спие, додека ние се расправаме околу формалностите на намазот (дали да е со текбири или без текбири) другите се искачија на месечината а притоа како извор за наука го земале Куранот.

Џејмс М.Карнер, еден од познавателите од областа на астрономијата и свемирските истражувања, не можел да дојде при себе од восхит, откако неговото знаење го одвело до нов сведок во свемирот кој му кажува дека Исламот е вистинска вера.

Тоа се случило тогаш кога се докажало дека космичките зраци се многу поопасни за земјината атмосфера од нуклеарните зраци и дека нив невозможно е да ги преминиш со свемирските леталици, бидејќи горат се она што ќе ги допре, освен еден дел од атмосферата кој го откриле астрономите и му дале име “Ван Аллен”.

Меѓутоа Карнер набрзо сватил дека тоа не е никакво ново откритие бидејќи тој исти дел низ кој може да се премине се спомнува во книгата на муслиманите, Кур`анот, во ајетите: А Ние да им отворевме врата на небесата… па, да се искачеа преку неа,и ќе речеа сигурно: „Тоа, секако, е заради тоа што нашите очи се восхитени и, токму, затоа што сме восхитени!“(Хиџр 14-15 ајети).

А кога зборуваме од аспект како народ и си ги бараме корените, се убедуваме дека сме или не сме , да бидеме или да не бидеме, повторно не зафаќа сонот и со нас играат како ќе им текне (мислам на политичките партии), сите не убедуваат во нешто добро и корисно но за нас тоа е невидливо, невидливо е дека нема што да се види бидејќи немаме никаков резултат како општество туку само некои поединци кои ги полнат непрестано џебовите тоа е и те како видливо.

.Со голем број на ученици во нашите основни училишта а без сала за изведување на спортски активности, со голем број на возила но без прооден пат. Улиците натрупани со снег, без вода и без струја, без прооден пат т.е без услови за живот, нашите гурбетџии дојдоа и си заминаа со нијет да не доаѓаат повеќе зимно време во својот роден крај, а ние кои сме тука им порачавме да дојдат пак бидејќи се е како што треба да биде , ние или не гледаме или премногу сме се успале во зимскиот сон.

И така додека ние сме во фаза на утринска хипноза нё убедија дека да немаме ништо, за нас е корисно.