Бурата Ерик направи големи проблеми во Велика Британија, особено на аеродромите. Британските медиуми објавија видеоснимка на авион на “Бритиш ервејс” каде пилотот се обидел да го приземји на аеродромот Хитроу во Лондон, ама во тоа но не успеа.
Авионот слетал на пистата, ама од неа само се одби и повторно полета. За среќа, избегната е несреќа. Ова видео ги доловува тешките услови за летање.
Инаку, ветровите дувале со брзина од 113 километри на час, а едно лице загибало откако дрво паднало врз него.
Извор:faktor.ba










