Грчкиот Парламент го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

by Administrator

Со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан, Парламентот на Грција, денеска, по речиси  11-часовна расправа го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласаме против Протоколот за членство бидејќи е последниот чин од национално штетниот договор, рече лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис за време на расправата за ратификација на Протоколот за членство во НАТО.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија повторно се осврна на македонскиот јазик и македонскиот идентитет за кои вели дека владата ги признала за соседите, истакна дека правно се обврзани „да ги нарекуваме соседите Македонци“.

-Јас никогаш нема да кажам добредојде за Македонецот премиер на земјата. Очекувам вие да го кажете тоа, господине Ципрас. И очекувам господинот Апостолакис, да ѝ посака добредојде во Грција на македонската војска кога ќе имаат заеднички вежби со грчката војска. Ова го имате потпишано, рече Мицотакис.

Извор:НоваТВ

You may also like