Европската Унија ќе го стави Ријад на “црната листа“

0
264

Од Европската унија (ЕУ) е потврдено дека Саудиска Арабија ќе биде ставена на листата на земји кои се безуспешни во борбата против финансирањето на тероризмот и перењето пари, пренесе Агенцијата Анадолу (АА).

Според текстот објавен од страна на Фајненшл тајмс, Европската комисија ја финализира работата за комплетирање на ажурирана листа на повеќе од 20 земји кои водат неадекватна борба против перењето пари.

Наведено е дека Саудиска Арабија е една од земјите кои “имаат стратешки недостатоци во своето перење пари и сузбивањето ма финансирањето на терористичките режими кои претставуваат значителна закана за финансискиот систем на Унијата”.
Во текстот е истакнато дека Германија, Франција и Велика Британија се противат на таква одлука.