Во текот на мирните протести во Газа, израелските војници убија 14 годишно момче

0
163

Во интервенцијата на израелските војници со борбена муниција за време на мирните протести “Марш за големо враќање“,кој Палестинците го организираа долж границата во Газа, уби еден малолетник и повреди осум лица, објави Агенцијата Анадолу (АА).

Палестинското Министерство за здравство објави дека израелските војници отвориле оган во областа Хан Јунус и го убиле 14-годишен Хасан Ијад Селеби. Тие, исто така, потврдија дека осум Палестинци биле повредени.

Палестинците од 30 март одржуваат мирни демонстрации “Марш за големо враќање“ на Појасот Газа и границата со Израел. Демонстрантите бараат враќање на териториите од кои беа протерани, како и укинување на блокадата на Газа наметната во 2006 година.

Од 30 март во израелските интервенции убиени се повеќе од 230 Палестинци. Во исто време, најмалку 14 Палестинци загинаа во воздушни и тенковски напади на Газа.