НБА-тимот „Њујорк Никс“ ја прекина соработката со Енес Кантер, кошаркарот познат по блискоста со водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од клубот „Њујорк Никс“ се наведува дека овој клуб веќе не е заинтересиран за услугите на Кантер.
Кантер е познат по изјавите во кои ја истакнува својата преданост кон Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за пуч во Турција, во јули 2016 година.
Неговите изјави против Турција и пружањето поддршка на терористичката организација предизвикаа големи реакции. Кантер по обидот на ФЕТО за пуч соопшти дека своето презиме го променил во Ѓулен.











