Француското Министерство за надворешни работи објави дека одлучило да го повлече својот амбасадор од Италија на консултации.
Одлуката официјално беше потврдена на веб-страницата на француското Министерство.
Како што истакнаа од Министерството за надворешни работи, Франција во изминатите неколку месеци беше подложена на бројни обвинувања и неразумни напади од Италија.
“Последната интервенција е низа во редовните и неприфатливи провокации. Со тоа се прекршува почитувањето на демократскиот избор на пријателски и сојузнички нации “, истакнале од француското министерство.
Како што било нагласено во седиштето на Министерството за надворешни работи во Париз, сите овие акции на Рим го фрлаат сомнежот врз намерите на италијанската влада над Франција.
“Во врска со оваа невидена ситуација , француските власти одлучија да го повлечат францускиот амбасадор од Италија на консултации”, заклучило Министерството за надворешни работи.
Претходно, италијанскиот вицепремиер Луиџи Ди Мајо го поддржа движењето Жолта Елеци во Франција, велејќи дека Движењето 5 ѕвезди (политичка апртија во Италија) е подготвено да ги поддржи демонстрантите. Тој ги повика демонстрантите да не се откажуваат и додаде дека во Италија се следат постапки против граѓаните на Франција.
На 6 февруари, Ди Мајо се сретнал со претставник на Жолтиот елеци, Кристоф Халенсон, што во Париз било наречено како “најновата провокација на Рим”.
Извор: FMVP









