Венецуела: Блокирани сметките на францускиот енергетски гигант Total

by Administrator

Заради американските санкции воведени против Венецуела, блокирани се сметките на францускиот енергетски гигант Total во таа земја, изјави претседателот на Тотал Патрик Поујане.

Total S.A. – француската енергетска компанија – четврта е по провит во светот, после Royal Dutch Shell, British Petroleum и ExxonMobil.

Потсетуваме: На 28 јануари, САД воведоа санкции против Венецуела, кои првенствено се однесуваат на нафтената компанија PDVSA, на која САД и блокираше средствата во износ од 7 милијарди долари. Вашингтон, исто така, се закани дека ќе ги блокира сметките на сите венецуелски нафтени купувачи. Целта на санкциите е уривање на владата на претседателот Николас Мадуро и распишување нови парламентарни избори во таа земја.

Извор:geoplitikanews

You may also like