Во Венецуела пронајдено илегално Американско оружје

by Administrator

Венецуелските безбедносни сили на аеродром на северот на земјата конфискуваа оружје и воена опрема испорачани од САД наменети за “терористички организации”, соопшти во средата. 6 февруари, заменик министер за јавна безбедност на таа земја, Ендес Паленсија.

Според информациите објавени, оружјето е пронајдено во магацинот на меѓународниот аеродром Валенсија (федерална држава Карабобо). Во операцијата присуствуваа војници од Боливарската национална гарда и други специјални единици. Пронајденото оружје и опрема испорачана со лет на Ербас на 3-ти февруари, кој полетал од Мијами во американската држава Флорида.

Пронајдени се 19 пиштоли, 118 магазини со куршуми, три снајперски нишани, 90 радио антени и 6 ајфони, наведено е во Твитер објавата на заменик-министерот. Сите информации и материјални докази им биле предадени на Државното обвинителство за продолжување на истрагата и откритието на лицата вклучени во овој нелегален бизнис, првенствено оние кои се задолжени за финансирање на терористички организации кои сакаат да го нарушат мирен живот на луѓето од Венецуела.

Извор:geopolitikanews

You may also like