Голем авион ќе биде сместен во градината на хотел во Холандија, кој е најголемиот хотел во земјите на Бенелукс, јавува Anadolu Agency (AA).
Хотелот е во сопственост на турскиoт бизнисмен Атилај Услу, а префрлањето на авионот „Боинг 747“ веќе започна.
„Боинг 747“ е еден од најголемите авиони на светот, тежок 170 тони.
Авионот се пренесува од амстердамскиот аеродром „Схипхол“, а релокацијата започна вчера.

Процесот на пренос ќе биде завршен доцна во сабота, кога авионот ќе биде поставен во градината на хотелот во селото Бадхоеведорп, во Општината Харлемермер.
Со цел да се овозможи пренос на авионот, Автопатот А9 ќе биде затворен за сообраќај доцна в петок, а ќе се отстранат и уличните светилки и останатото што би можело да претставува пречка за пренос на авионот преку автопатот.
Медиумите веќе покажаа голем интерес за преместувањето на авионот.

Пред да започне процесот на пренос, Услу за новинарите изјави дека авионот ќе биде „убав детал“ во градината на неговиот хотел.
Хотелот, кој е отворен минатата година, се наоѓа на површина од 35.000 квадратни метри и има 680 соби.











