Бројот на смртно настрадани во рушењето на зградата во Истанбул зголемен на шест

by Administrator

Бројот на смртно настрадани во рушењето на зградата во Истанбул зголемен на шест, јавува Anadolu Agency (AA).

Во квартот Картал, во азискиот дел на Истанбул, вчера се сруши шесткатница.

На местото на настанот пристигнаа бројни полициски екипи, амбулантни возила и противпожарна служба. Подрачјето е обезбедено, а потрагата по урнатините и акцијата за спасување продолжува.

You may also like