Погледнете ја видеоснимката од уривањето на зградата во турција, каде загинаа три лица

0
382

Најмалку три лица загинаа откако се урна зграда од осум спрата во Истанбул, објавија турските официјални претставници.

Објавена е видео снимка од уривањето на зградата.

Спасувачите од урнатините извлекоа шест лица, стапија во контакт со уште четири лица и работат на лоцирање на другите заробени под урнатините, изјавил за новинарите претседателот на турскиот парламент, Бинали Јилдирим, кандидат за градоначалник на Истанбул.

Во зградата живееле 43 лица, но засега не е познато колку биле во зградата во времето на уривање.

Последните три спрата од зградата биле изградени нелегално, изјави гувернерот на Истанбул Али Јерликаја.

Обвинителството објави дека започна истрага за уривање на 27-годишната стара повеќе катница.