Петгодишното девојче Хава Текгоз помина 18 часа заглавено под урнатините на зградата која вчера во попладневните саати се сруши во истанбулската населба Картал, јавува Anadolu Agency (AA).
#Истанбул: Петгодишно #девојче спасено под урнатините на зграда http://v.aa.com.tr/1386073
#Истанбул: Петгодишно #девојче спасено под урнатините на зграда http://v.aa.com.tr/1386073
Gepostet von Anadolu Agency Macedonian am Donnerstag, 7. Februar 2019
Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, потврди дека спасувачите од Управата за катастрофи и ургентни состојби при Владата на Турција (АФАД), успеаја да воспостават контакт со петгодишнта Хава Текгоз, која под урнатините помина 18 часа. Рече дека девојчето потоа е спасено и префрлено во болница.
Јерликаја на новинарите им рече дека потрагата по лицата под урнатините трае повеќе од 18 часа. Според неговите зборови, според досегашните сознанија, повредени се 12 лица, меѓу кои три се во критична состојба. Повредените лица се сместени во болница каде што им се укажува помош.

„Во рушењето на зградата смртно настрадаа три лица. Утврден е идентитетот на сите три лица. Поради безбедноста евакуирани се седум околни згради”, рече Јерликаја.
Во квартот Картал, во азискиот дел на Истанбул, вчера се сруши шесткатница.
На местото на настанот пристигнаа бројни полициски екипи, амбулантни возила и противпожарна служба. Подрачјето е обезбедено, а потрагата по урнатините и акцијата за спасување продолжува.













