Покрената истрагата откако Салах бил навредуван на верска основа

0
236

Британската полиција соопшти дека е покрената истрагата откако фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах бил цел на навреди на верска основа, објави агенцијата Анадолу (АА).

Салах, во текот на натпреварот против Вест Хем Јунајтед, во неделата од трибините на фудбалскиот стадион беше цел на исламофобично скандирање .

Полицијата соопшти дека е покрената истрага откако се појавило видео на кое може да се слушне како Салах бил навредуван на верска основа, односно заради припадност кон исламот.

Видеото исто така е објавено на социјални мрежи.

“Запознати сме со постоењето на видео снимката на која се слушаат вербални навреди со расистички пораки до играчот за време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Вест Хем. Нашите службеници го истражуваат видеото:” Сеуште никој не е приведен, ама истрагата продолжува “, соопштила полицијата.

Полицијата ги повикала очевидците да се обратат до полицијата кои биле сведоци на овој инцидент.

Од Вест Хем Јунајтед соопштија дека не треба да се толерира никакво однесување кое вклучува насилство и навреди, додавајќи дека секој е добредојден на нивниот стадион.