Грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на посетата на Турција истакнал дека монотеистичките религии треба да спојуваат, а не да ги раздвојуваат луѓето, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Ципрас со портпаролот на канцеларијата на претседателот на Репубвлика Труција Ибрахим Калин и екуменскиот цариградски патријарх ја Бартоломеј ја посети Богословијата во Халки во Истанбул, основана во 1844 година.
Во дворот на поранешната теолошка школа, тие засадиле платан, а Бартоломеј во текот на псоетата на Ципрас му подарил низа на.
“Позитивниот дијалог кој започнува со (Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип) Ердоган и позитивен напредок во враќањето на имотот, особено фондацијата на малцинствата, вредни се за внимание. Монотеистичките религии не треба да раздвојуваат, туку да спојуваат”, истакнал Ципрас.











