#PelosiClap / Видео кое се шири на социјалните мрежи: Саркастичен аплауз за Трамп

0
245

Синоќешниот говор за состојбата на нацијата кој синоќа американскиот претседател конечно го одржа во Конгресот, имаше многу интересни моменти. Но, можеби најинтересен беше моментот кога претседателката на Конгресот демократката Ненси Пелоси започна да му аплаудира на Трамп.

Пелоси, кој стоеше зад Трамп, додека овој одржувал едноминутен говор, во еден момент саркастично започна да му аплаудира на Трамп, држејќи ги рацете испружени кон него, речиси пред главата.

“Ама, мора да ја отфрлиме политиката на одмазда и отпор- и да го прегрнеме бесконечниот потенцијал на соработка, компромис и општо добро”, рекол Трамп кога Пелоси започнала да се смее со зајадлива насмевка на лицето и да му аплаудира. Трамп се свртил кон неа, очигледно задоволен од нејзината реакција.

Видеото очекувано брзо да стане вирално на социјалните мрежи, со хаштаг # PelosiClap, и коментаторите, како и обично, почнаа да се натпреваруваат кој ќе даде побизарен опис на бизарниот момент.