СЛОВЕНИЈА: Минибус со деца слетал во провалија

0
273

Минибус со девет патници слетал од патот во провалија во Словенија на патот Церкно-Долени Новаки, при што биле повредени три деца, а 18-годишна патничка се здобила со сериозни повреди и со хеликиптер била префрлена во болница во Љубљана.

Според првите податоци се чини дека 54-годишниот возач е виновен за несреќа. Тој равниот дел на патот директно свртил кон лево, а возилото застанало на 30 метри во провалијата, каде што застанало во густиот дел со дрвја.

Prometna nesreča pri Cerknem

Полицијата од Нова Горица соопштила дека патот за време на несреќата не бил лизгав, а на коловозот немало снег или мраз. За слуќајот била информирана канцеларијата на државниот обвинител, а возачот ќе биде обвинет кога сите информации за околностите на несреќата ќе бидат собрани и заклучени, објави Хина.