Каракас ќе стори сé што е можно за да ги намали ефектите од санкциите на САД против венецуелската нафтена компанија ПДВСА на глобалниот пазар, изјавил техничкиот консултант Рони Ромеро.
“Ние се соочуваме со илегални санкции на САД. Ние извезуваме околу 500.000 барели дневно во САД. ПДВСА сега ќе го пренасочи извозот на нафта кон други клиенти во Европа и Азија”, изјави тој за агенцијата Спутник.
Ромеро, претставник на Венецуела ОПЕК, рече дека европските и азиските купувачи не треба да се плашат да купуваат нафта од Венецуела, бидејќи санкциите на Вашингтон се однесуваат само на американските ентитети.
Тој додаде дека на Русија и Кина не ги интересираат санкциите на САД и дека Венецуела ќе стори сé што тоа да не влијае на пазарот, пренесува Срна.
Вашингтон воведе санкции за ПДВСА минатата недела и заплени седум милијарди долари.
Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, изјави дека, исто така, санкциите ќе влијаат на извозот на компанијата вреден 11 милијарди долари во следната година.
САД купуваат значителна нафта од Венецуела, изјавил поранешниот министер за финансии на САД, Стивен Мнучин, додавајќи дека санкциите ќе имаат “умерен ефект” на американските рафинерии.








