Путин даде наредба за укинување на визите за турските државјани кои доаѓаат во Русија за работно патување, како и за возачи на шлепери, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин потпишал документ за укинување на визниот систем кој Русија на турските државјани им го воведе во ноември 2015 година.
Визниот режим укинат е за турските државјани кои имаат службен пасош, возачи на тварни возила, потоа за бизнисмените на деловни патувања и персоналот на дипломатските представништва во Русија.











