Калин: “Остро го осудуваме изјавите на Макрон“

0
323

Турција остро ја осуди одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да го прогласи 24 април за ден на сеќавање на геноцидот против Ерменците во Османлиското царство.

“Ги осудуваме и негираме обидите на г-дин Макрон соочен со политичките проблеми во неговата земја, за да ја спаси целата ситуација преку извртување на историските настани во политички материјал”, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, пренесе Ројтерс.

Британската агенција забележува дека тоа е прашање околу кое редовно води кон конфликт помеѓу Турција и земјите-членки на ЕУ.

Турција признава дека многу Ерменци во Османслиската империја биле убиени во судирите со османлиските сили за време на Првата светска војна, меѓутоа го оспорува бројот на жртвите и негира дека убиствата биле систематски оркестрирани и дека е извршен геноцид.

Франција официјално го потврди ерменскиот геноцид во 2001 година.

Макрон рекол дека тој веќе го информирал турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за одлуката, ама истакнал дека сака да сака да оддржи отворен дијалогот со таа земја.

На 5 февруари францускиот претседател Франсоа Оланд изјави вечер на Координативниот совет на ерменските организации во Франција дека Франција е меѓу првите кои го осудија “убиствениот лов на ерменскиот народ во Осмалиското царство“.