Фудбалерка во Шведска претрпела многу непријатности и навреди откако преминала на исламот, пренесе агенцијата Анадолу.
Имено, 19-годишната Ронја Андерсон била изложена на бројни тешки закани и навреди во изминатите седум месеци откако преминала во ислам.
Андерсон, инаку голман на женскиот тим на Шведска до 19 години, во понеделникот јавно на телевизија признала дека после преминувањето во ислам била изложена на бројни навреди.

Таа раскажала дека на нејзината домашна адреса пристогнало и “писмото на омраза”. Сепак, лицето кое го испратило писмо до тинејџерката подоцна испратило извинување за навредата.
“Кога имав 15 години, бев во врска со момче од Турција. Тогаш од неговото семејство научив многу за исламот “, изјавила оваа млада Швеѓанка.
Таа нагласи дека е посебно е импресионирана од џамиите што ги видела за време на нејзината посета на Турција, додавајќи дека подоцна почнала да практикува некои исламски правила и наскоро одлучила да стане муслиманка.
Таа напоменала дека почнала да води многу помирен, поудобен и убав живот откако преминала во ислам.
Оваа тинејџерка инаку беше инаку во џентарот на јавноста во Шведска, кога премина во ислам во мај 2018 година.









