Австрија ќе протера над илјада луѓе: Најмногу Срби и Словаци

0
316

Австрија минатата година од земјата протера околу 4.700 луѓе, а повеќето од нив се Европејци, објави Б92.

Повеќе од 60 отсто од протераните лица се од европски земји, пренесува австриското радио “Oe1”. Меѓу протераните најмноги се Словаците, Србите, Унгарците, Романците.

Околу 2.100 протерани лица биле граѓани на ЕУ, што е 45%.

Ако на тоа се додадат Србите, Македонците, Албанците и Босанците, тоа значи дека 63 отсто од сите протерани се од Европа.

Станува збор за члица без постојан престој, невработени лица, лица кои сториле кривично дело.

На прво место на земји од потекло на протераните се , Словачка со 600, по што следуваат Срби, Унгарци и Романци, а дури потоа следат Нигеријци, Грузијци и Авганистанци.