Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара порача дека Турција искрено го поддржува воспоставувањето на новиот устав и одржувањето на слободни избори во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција го почитува територијалниот и политичкиот интегритет на Сирија, како што ги почитува правото и волјата на сирискиот народ сам да решава за својата иднина. Ние најискрено го поддржуваме изработувањето на новиот устав и одржувањето на слободни избори во Сирија“, порача Ердоган.








