Пожарот во Париз е подметнат- меѓу загинатите има деца

0
169

Жена со психички проблеми го подметнала пожарот кој зафати станбена зграда во Париз, во кој загинаа најмалку 8 лица, меѓу кои и деца.

Обвинителот на Париз вели дека пожарот бил подметнат, а приведена е една жена, која е осомничена за тоа.

Според полициски извори, 40 годишната жена е осомничена дека се обидела да запали автомобил паркиран во близина. Осомничената, која живеела во зградата, наводно бил пијана и изјавила дека тоа го направила поради кавга со соседот.

Министерот за домување Џулиен Денорманди рече дека 40-годишната жена имала досие за психичко заболување.

Осум лица загинаа, а најмалку 30 се повредени, меѓу кои и тројца пожарникари.

Пожарот е ставен под контрола по петчасовната операција, но бројот на загинатите може да се зголеми, изјави портпаролот на противпожарната служба за новинската агенција АФП.

Пожарот избувнал околу еден часот по полноќ, по што интервенирале ококолу 200 пожарникари.

Пожарникарите спасиле 50 лица, кои побегнале на покривот од зградата. Евакуирани се и соседните згради.

Во моментов повеќе улици во овој луксузен кварт на Париз се блокирани од полицијата и пожарникарите.

На 12 јануари во силна експлозија на гас во Париз загинаа четири лица.

Извор:НоваТВ