Близок соработник на Вилдерс премина во ислам додека пишувал книга против исламот

0
528

Јорам ван Клаверен, поранешен член на Холандската десничарска партија за слобода (ПВВ) и близок соработник на познатиот холандски исламофоб Геерт Вилдерс, по неколкугодишните активни борби против исламот и муслиманите, премина во ислам.

Овој 39-годишен поранешен холандски политичар јавно признал дека го прифатил исламот.

Ван Клаверен одлучил да стане муслиман во време додека ја пишувал книга против исламот.

Според холандските медиуми, ван Клаверен во октомври минатата година го изговорил kelime-и šehadet во октомври и на тој начин ја изразил својата поврзаност со исламот.

Поранешниот член на холандската десничарска партија го смени мислењето за исламот и муслиманите додека спроведувал истражување за книгата која токму ја пишувал против муслиманите и исламот.

Ван Клаверен, откако постана муслиман, на крајот напишал книга со која ги осудува антиисламските идеи од страна на немуслиманите.

Тој беше член на холандскиот парламент од 2010 до 2017 година.

На општите избори од 2017 година, тој беше кандидат пред партијата која сам ја основаше, но не добил доволно гласови иведнаш после тоа се повлекол од политиката.