Товарен воз полн со тенкови предизвика зачуденост во хрватскиот град Копривница, откако се појавил на железничката станица, објави Podravski.hr.
Како се тврди, композицијата пристигнала на тоа место во утринските часови и и неколку часови стоела на колосекот.
Шефот на станицата, Жељко Камбер, изјавил дека “не е овластен да дава информации за тоа што се случува”.
“Искрено, не знам од каде дојдоа тенковите, ниту пак знам каде одат. Но, дури и ако ги имам овие информации, не треба да можам да ви ги откривам “, рече Камбер.
Во текстот стои дека композицијата со оружје патувала источно, во Унгарија, а според некои информации, тенковите претходо биле истоварени во Риека и се упатиле кон чешкиот Стернберк, каде што требало да бидат на репарација.









