Претседателот на Венецуела Николас Мадуро повторно ги критикуваше европските земји кои го признаа лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за претседател на државата, а особено го критикуваше шпанскиот премиер Педро Санчез.
Мадуро рекол дека Санчез ќе има “крв на своите раце” ако се изврши пуч против него, објави АП.
Во телевизиското обраќање, Мадуро потврди дека ги отфрлил ултиматумите на било која земја по истекот на крајниот рок на ЕУ за објавување на претседателските избори.
Тој, исто така, ги отфрли напорите на некои земји и САД да испратат итна храна и лекови за Венецуела, велејќи дека Венецуела не е земја на питачи.
Во меѓувреме, Чешка го призна Гуаидо, така што бројот на европските земји што го направија тоа порасна на 11.
Сепак, Италија ја блокираше нацрт-изјавата на ЕУ во која се наведува дека членките на ЕУ ќе гор признаат Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела, како привремен претседател на таа земја, објави Ројтерс повикувајќи се на дипломатски извори.
Земјите на ЕУ со денови се борат за ситуацијата во Венецуела.
Меѓутоа, опозицијата на Италија го спречи донесувањето на едиснтвениот став на Европската унија.










