Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли ултиматумот на неколкуте европски земји за распишување на претседателските избори.
Мадуро изјави дека нема да покаже “кукавичлук пред притисокот” на оние кои го бараат неговото заминување и поддржуваат Хуан Гвидо.
Ултиматумот на европските земји истече минатата ноќ.
Шест европски земји – Германија, Шпанија, Франција, Холандија, Португалија и Обединетото Кралство – поставија ултиматум за повикување на нови претседателски избори во Венецуела, во спротивно ќе го признаат Гваидо како привремен претседател на државата додека не ги распише изборите.
Мадуро, со поддршка од Русија, Кина, Северна Кореја, Турција и Куба, претходно изјави дека е подготвен за предвремени парламентарни избори, исклучувајќи ја можноста за претседателски избори.









