Убивањето на Палестинци кои се користат со прачки и камења, од страна на израелските снајперисти скриени зад делови на градови и гребени низ планините, како што тоа го правел и еден израелски “офицер“ и не представува некаков чин на храброст. Сепак, следниот пат непознатиот израелски војник ќе треба добро да размисли внимателно кога безгрижно ќе пука во живи цели. Како што потсетивме во анализата “Додека траеше конфликтот помеѓу Иран и Ирак, САД и Израел ги заборавија основните природни закони”, израелските политичари, генерали и војници го заборавија природниот закон на физиката дека на секоја акција по интензитет следува еднаква и спротивна реакција.
Видеоснимката објавена вчера покажува како палестински снајперист на границата со Газа погаѓа израелски војник директно во главата откако Израелскиот војник според очевидци претходно започнал да пука на демонстрантите и цивилите.
Во видеоснимка емитувана од страна на либанскиот телевизиски канал Ал Мајаден, се гледа командант на израелската падобранска бригада како пука врз палестинските демонстранти за време на протестот насловен како “Марш за големо враќање“ во окупираниот појас Газа.
Сепак, неколку мимути подоцна, снајперистот од бригадата Ал-Кудс, вооружено крило на движењето на палестинскиот исламски џихад, во знак на одмазда израелски офицер го стрела директно во главата. Сепак, куршумот го погодил шлемот, се одбил, после што израелскиот војник се фатил за главата и сокрил.
Израелските медиуми признаваат дека шлемот го спасил животот на војникот на израелскиот режим.
Либанскиот канал објави дека херојската операција на борците на Исламски џихад се случила на 22 јануари во областа јужно од границата на палестинската крајбрежна енклава.
Портпаролот на Исламскиот џихад, Давуд Шахаб, тврди во изјавите на Ал Мајјден дека оваа операција на бригадата Ал-Кудс била “неизбежна”, бидејќи еден израелски командант пукал во невооружени демонстранти во Појасот Газа. Неговите борци биле распоредени на неколку точки за да ги заштитат животите на Палестинците и, како што гледате, тие не беа први кои отворија оган, туку израелскиот војник.
Целта на објавувањето на видеото, изјавил Шахаб, е да се откријат некои аспекти на теророт против палестинските цивили во Газа кои секојдневно ги извршува од режимот на Тел Авив.
“Меѓу палестинските фракции постои концензус дека ќе одговориме на било која израелска агресија”, предупреди официјалниот претставник на Исламскиот џихад.
Нападот од одмазда од страна на Палестинците се случи во услови на онака и веќе интензивни тензии предизвикани од репресиите кои израелската армија ја спроведува против учесниците на Маршот за враќа во линијата на поделба со Појасот Газа.
Минатиот петок, вториот ден од протестите во областа што ја делат Газа од териториите окупирани од Израел, израелските сили со употреба на огнено оружје ранија најмалку 32 Палестинци.
Од почетокот на протестите споменати погоре, израелската армија употребила секакви смртоносни оружја против демонстрантите, при што загинаа повеќе од 250 Палестинци, вклучувајќи 44 деца и 6 жени, а беа повредени повеќе од 25.000 луѓе.
Со големиот марш за враќање се настојува да се изврши притосок врз Израел да ја тргне блокадата во Газа да го признае правото на враќање на повеќе од 5 милиони Палестинци кои Израелците ги протераат од својата земја и од нивните домови или избегаа за време на војната што следеше во 1948 година по создавањето на ционистичкиот ентитет.
ВИДЕО – Снајперски “двобој” на израелскиот “офицер” и борец на исламскиот џихад
Извор:logicno.com











