10 на 1, припадниците на АНТИФА повторно кукавички го нападнаа францускиот новинар Винсент Лапиер (Видео)

0
228

Пред извесно време пишувавме за групата АНТИФА која веќе долго време напаѓа сё што му се противее на системот. Повеќе не сомнеж, тоа е добро организирана група која има за цел да го уништи движењето Жолти Елеци.

Нападот се случи во Тулуз. Овој пат, полицијата не ги нападна демонстрантите, но тоа беше направено од инфилтрираната група припадници на АНТИФА или Black Block. Неважно, станува збор за истите луѓе кои припаѓаат на екстремната левица. Алтернативен и високо почитуван новинар меѓу Жолтите елеци Винсент Лапиер, од првиот ден, на многу објективен начин ја информираше јавноста за протестите на Жолтите елеци.

На 12-тиот протест, Винсент Лапиер и неговиот снимател се подготвуваа за известување. Одеднаш се појавија петнаесетина лица, припадници на АНТИФА со капуљачи на главата и го нападнале Винсент Лапиера на многу груб начин, како што јасно се забележува на видеото.

Жолтите елеци останале во шок. Се запрашале што се случува? Зарем на сите не им е интерес миро да протестираат и да тежнеат кон заедничко добро? Народот се прашува кој ги пратил овие луѓе меѓу Жолтите елеци? Што прави полицијата и што е внатрешната политика на Франција која дозволува постоење и функционирање на оваа високо организирана група на наводни антифашисти кои ги користат фашистичките методи против новинарите и жолтите елеци?

Неколку минути подоцна, истата група на екстремна левица нападна друга личност, припадници на жолтите елеци, кој не можел ништо против десетте маскирани и агресивни членови на ANTIFА. Нападната особа тврди дека не можела да стори ништо, бидејќи на него насрнале десетина приврзаници на ANTIFА. Дури после сите напади, полицијата се сврте против жолтите елеци со цел да ги запре мирни протести.

Сè вели дека влегуваме во нова фаза од протестот на Жолтите елеци. Се приближуваат избори во Европскиот парламент а ова веројатно не му одговара на властите. Некои медиуми, новинари, политички партии, опортунисти и припадници на нејасни групи прават сé за да го уништат кредибилитетот на движењето Жолти Ечеци. Дали ќе успеат во тоа пстанува големо прашање.

Извор:logicno.com