Во Шведска протест поради кинеската политика на кршење на правата на Ујгурите

0
230

Пред Амбасадата на Кина во Стокхолм во Шведска одржан е протест поради кршењето на правата на жителите на Синкјанг – автономниот регион на ујгурскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).

Насобраните демонстранти извикуваа најразлични слогани и истакнуваа транспаренти, со цел да ја подигнат свеста за овој проблем.

И покрај ниските температури и врнежи од снег, на демонстрациите се собраа околу 300 луѓе.

„Спречете го убивањето на ујгурските Турци“, „Во Источен Туркестан се случува тиранија“, „Слобода за Источен Туркестан“ – се дел од слоганите што ги извикуваа насобраните демонстранти.

Абдула Кокјар, еден од организаторите, изјави дека Кина врши притисок врз Ујгурите.

Портпаролот на организацијата IGMG во Шведска, Хусеин Караџа, го осуди притисокот на Кина врз Ујгурите и ја повика меѓународната заедница да му помогне на овој народ.