Најмалку седум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа кога автобусот се превртил во Калуга, Русија, околу 150 километри од Москва, соопшти регионалниот оддел на руското Министерство за внатрешни работи.
Автобусот во кој имало 20 патници, слетал во канал,пренесе TASS.
За време на превртувањето на автобусот, дваесет деца беа повредени, соопшти денеска сообраќајната полиција.
Возачот на автобусот, според извештаите, ја изгубил контролата по што возилото се превртело. Сведоците велат дека несреќата се случила поради мраз на патот.
Во соопштението исто така се вели дека несреќата се случила на автопатот меѓу Калуга и Висма.
Во автобусот имашло 47 патници, меѓу кои и 31 деца, кои тргнале на турнир во Калуга.










