„Венецуелците се подготвени да се спротивстават на евентуална воена интервенција на САД“

0
189

Амбасадорот на Венецуела во Обединетите нации (ОН), Хорхе Валеро, изјави дека граѓаните на Венецуела се подготвени да се спротивстават на евентуална воена интервенција од страна на Соединетите Американкси Држави (САД).

„Ние сме целосно подготвени за каква било воена агресија од страна на странска држава“, истакна Валеро, постојаниот претставник на Венецуела во ОН за Anadolu Agency (АА)

„Имаме милиони луѓе кои се подготвени да пружат долг отпор… со секакво оружје“, додаде тој.

Венецуела е зафатена со протести од 10 јануари, кога претседателот Мадуро положи заклетва за втор мандат, по изборите кои ги блокираше опозицијата. Тензиите дополнително пораснаа кога Гваидо на 23 јануари се самопрогласи за привремен претседател.

САД, Канада и најголем дел од земјите од Латинска Америка го признаа Гваидо, претседателот на националното Собрание на Венецуела, како легитимен лидер на Венецуела, а претседателот Мадуро ги одбива повиците да отстапи од фунцијата.

Избраниот претседател на државата, Николас Мадуро, ги обвини САД за оркестрирање државен удар против неговата влада, но истакна дека тој е отворен за дијалог со опозицијата.

САД водеа меѓународна кампања за економски и дипломатски притисок врз Мадуро, вклучувајќи го и воведувањето санкции во понеделникот кон државната венецуелска нафтена компанија.

Русија и Кина го критикуваа повикот на САД за поддршка на Гваидо, и осудија какво било меѓународно мешање во внатрешните работи на Венецуела. Турција и Иран, исто така му дадоа поддршка на Мадуро.

Венецуелскиот амбасадор во ОН, Валеро, ги обвини САД за создавање ситуација слична на Виетнам, осврнувајќи се на речиси 20-годишната војна на САД во Виетнам.

„[Американскиот претседател Доналд] Трамп ја создава, ја очекува третата светска војна“, додаде тој.

Валеро истакна дека Вашингтон ќе мобилизира воени сили во Венецуела во следните неколку дена.

„Сигурен сум дека венецуелскиот народ ќе се спротивстави на каква било агресија од странска држава. Очекуваме сите народи во светот да ѝ дадат поддршка на Венецуела“, нагласи тој.

За поддршката на Турција кон Мадуро, амбасадорот Вaлеро рече: „Претседателот Реџеп Таип Ердоган и сиот турски народ ја поддржуваат венецуелската кауза.“

„Ние сме им многу благодарни на претседателот и на турскиот народ за поддршката кон Венецуела во овие историски моменти“, додаде тој.