Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Истанбул оствари средба со јорданскиот крал Абдула II, јавува Anadolu Agency (AA).

Во палатата Вахдетин во Истанбул беше организиран свечен појадок на кој присуствуваа и првата дама на Турција, Емине Ердоган, и јорданската кралица Ранија ал Абдула.
По посетата на Турција, кралот Абдула II денеска заминува во посета на Тунис, на средба со тунискиот претседател Баџи Каид ес-Себси.









