Во пустината во египетската провинција Минја, откриени се бројни древни гробни комори со четириесет мумии, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Во саботата, египетски официјални лица давајќи изјави на локацијата каде што биле пронајдени комори, изјавија дека припаѓаат на семејство од средната класа, кое веројатно живеело во Птолемејскиот Египет, во раниот римски или византиски период.

Мумиите се во добра состојба, а најмалку десет од нив се деца. Некои се украсени со “демотички ракописи”, со форма на древно египетско писмо што го користеле обичните луѓе. На локацијата, исто така, се ископани керамика, хартија и шарени ковчези за мумии.
Египет неодамна направи серија археолошки истражувања и силно промовираше како би ја заживеале туристичката индустрија, која е неверојатно потресена по немирите во 2011 година.











