Ирак и Јордан отворија заедничка индустриска зона

0
181

Ирак и Јордан отворија заедничка индустриска зона на границата помеѓу двете земји, објави Агенцијата Анадолу (АА).

Ирачкиот премиер Адел Абдул-Махди и јорданскиот колега Омар Разџаз присуствувале на церемонијата на границата со Ирак и Јордан. На настанот во саботата присуствувале и многумина високи официјални претставници, бидејќи соседите ги зајакнале своите односи откако беше поразена терористичката организација ИСИС, која контролираше подрачје на Ирак долж границата со Јордан.

Граничниот премин меѓу двете земји беше официјално отворен во саботата.
Според договорот на двете земји, потпишан на крајот од декември минатата година, Ирак богат со нафта ќего снабдева Јордан со 10.000 барели нафта дневно по пониска цена.

Канцеларијата на премиерот Абдул-Махди објави дека 1.300 парчиња антиквитети кои јорданските власти ги конфискувале од шверцери.