Околу 100 луѓе се собраа деонес в Женева, во знак на протест поради санкциите на САД против Венецуела и признавањето на претседателот на Националниот парламент, Хуан Гуаидо, како привремен претседател на таа земја, објави Агенцијата Анадолу (АА).
Граѓаните се собрале веднаш до споменикот “Скршена столица” на Женевскиот плоштад на народите, лоциран пред Канцеларијата на Обединетите нации (ОН), кој го симболизира насилството врз цивилите. За време на собирот, можеле да се слушнат слогани против Соединетите Американски Држави и нејзината политика против Венецуела.
Венецуелскиот амбасадор во Женева, Хорхе Валеро, кој исто така присуствуваше на митингот, изјавил дека Венецуела на крајот ќе се спротивстави на санкциите на САД и во таа пригпда им се заблагодари на сите земји што го поддржуваат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Собирот беше поддржан од членовите на Социјалдемократската партија на Швајцарија, како и бројни претставници на невладини организации во Аргентина, Чиле, Колумбија, Куба, Никарагва и други земји.
“Мир и солидарност за Венецуела”, “Не за државен удар во Венецуела”, “Нашето срце е со претседателот Мадуро”, “Стоп за насилството на САД над Венецуела” се само некои од слоганите и транспаренти кои можеле да се слушнат и да се видат за време на денешниот собир.










