САД се повлекуваат од Нуклеарниот договор со Русија

0
156

САД денес објавија дека од утре ќе започне процесот за повлекување од Нуклеарниот договор со Русија, поради нејзино прекршување на Договорот, јавува Anadolu Agency (AA).

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денес ја обвини Русија дека постојано без каење ги прекршува условите од Договорот за нуклеарно вооружување од среден дострел (INF) и дека Москва останува при материјалното прекршување на своите обврски.

Официјалното напуштање на Договорот се очекува речиси четири месеци.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во октомври во Вашингтон најави повлекување од Договорот за нуклеарно вооружување од среден дострел (INF), што ги елиминираше сите американски и руски крстосувачки проектили со дострел од 310-3.420 милји (500-5.500 километри) и нивните фрлачи, наведувајќи ги наводните руски прекршувања на Договорот.

Помпео во декември ѝ даде на Русија рок од 60 дена да се врати во согласност со Договорот, но рече дека таа не го сторила тоа.

„Русија одби да преземе какви било чекори за да се врати на вистинска и верификувана согласност во текот на овие 60 дена“.

Повлекувањето ќе стапи на сила во рок од шест месеци, почнувајќи од утре, во рамките на условите на Договорот.