Катар стана шампион на Азискиот фудбалски куп во ОАЕ

0
188

Фудбалската реперзентација на Катар во финалето на Азискиот куп во 2019 година,ја победи Јапонија со 3: 1 и стана шампион во Азија, објави агенцијата Анадолу.

Во натпреварот одигран на стадионот “Zayed Sports City” во Абу Даби, селекцијата на Катар поведе уште во 12 минута со голот на Алија Алмоез.

Предноста беше двојно зголемена од голот на Абдулзиз Хатим по 27 минути, што беше резултат на првиот дел од натпреварот.

Јапонскиот тим успеа да постигне гол во 69. минута преку Такуми Минами.

Сепак, Катарчаните го зголемија водството на 3: 1 во 82 минута од страна на Акрам Афифа.

На крајот, резултатот не се промени, па фудбалскиот тим на Катар запрвпат стана шампион во Азија.

Инаку, ова беше првиот Азиски куп финале за националниот тим на Катар.

Јапонија сеуште е најуспешна селекција во Азискиот куп со четири титули, по што следат Иран и Саудиска Арабија со три.