Вонредна состојба во САД: Од поларен студ починале 11 лица

0
207

Северот на САД го зафатија поларни температури и арктички ветар, па локалните власти беа принудени да прогласат вонредна состојба со цел да ги заштитат најранливите делови на земјата, објави агенцијата Анадолу.

Според локалните власти, најмалку 11 лица загинале во последните два дена поради поларниот студ.

Екстремно ниските температури се движат помеѓу -34 и -51 степени Целзиусови во регионот на Големите езера и Средниот Запад.

Во градот Маноман, во северозападна Минесота, живата во шест часот наутро на се спуштила на минус 40 степени, а подоцна и до -53 степени.

Властите во Илиноис, Висконсин и Мичиген издадоа предупредувања на екстремниот студ која зафатила областа каде живеат околу 60 милиони луѓе.
Во Чикаго, третиот по големина град во САД, во средата утрото биле измерени -30 степени а попладне -26.

“Станува збор за невиден студ во историјата на земјата. Температурите ги загрозуваат животите на луѓето и ние треба да делуваме соодветно со тоа “, изјавил за новинарите градоначалникот на Чикаго, Рам Еммануел.

Со цел да се заштитат од ладните ветрови, луѓето надвор излегуваат покривајќи ги очите со ски маски.

Според наредбите на гувернерот Мичиген Гретхен Вајтмер, сите државни канцеларии беа затворени до петок, а некои официјални лица им било кажано да останат дома.
Поради ниските температури, училиштата во некои градови беа затворени, додека повеќе од 2.500 домашни и меѓународни летови биле откажани.

Студениот ветер пристигнал од Арктичкиот круг и се упатува кон источниот брег на САД, а проценките се дека времето ќе се стабилизира за време на викендот.