Бран на студ го зафати северот на Европа: Во шведска до -40 степени, најстудена ноќ во Велика Британија

0
236

Ниски температури и студ доведоа до стопирање на неколку линии во железничкиот сообраќај, а откажани се и летови на аеродроми во Манчестер и Ливерпул.

Бран на ниските температури ги погодија Шведска и Велика Британија овие денови, пренесува агенцијата Анадолу (АА).

Во северниот дел на Шведска е забележан минус од -39,5 степени Целзиусови, најниска температура од овој месец, соопшти метеоролошкиот институт во земјата.