МАДУРО: Трамп нареди мое убиство

0
169

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил негово убиство.

“Доколку нешто ми се случи, за тоа ќе бидат одговорни американскиот претседател Трамп и претседателот на Колумбија Иван Дуке “, изјавил Мадуро во интервју за руската агенција РИА.

Мадуро изјави дека властите на САД имот во сопственост на Венецуела илегално му ја дале венецуелската на опозицискиот лидер и претседател на парламентот, Хуан Гуаидо. Тој додаде дека овој имот му припаѓа на народот на Венецуела и дека од целата ова криза ќе излезе како победник.

Запрашан дали се плашел дека би можел да биде жртва на обиди за атентат, Мадуро изјавил дека е христијанин и дека верува дека Бог е владетел на судбината на секое човечко суштество.

“Имаме добра разузнавачка служба и непобитно е дека Трамп издаде наредба за моето убиство. Тоа му го нареи на владата и мафијата во Колумбија. Трамп и Дуке се одговорни ако нешто ми се случи “, изјавил Мадуро.

Запрашан да коментира за барањето на опозицијата и поголем дел од меѓународната заедница за одржување на новите претседателски избори во Венецуела, Мадуро рече дека освои 68 отсто од гласовите на минатогодишните избори и дека нема да подлегне на странски притисок.

“Претседателските избори во Внцуела се оддржа, а империјалистите сакаат нови, ќе мора да чекаат до 2025”, рекол Мадуро.

Мадуро рече дека е подготвен да се состане со својот американски колега Трамп, но тој е убеден дека на Трамп тоа нема да му го дозволи неговиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

“Подготвен сум да се сретнам со Трамп во Венецуела или во САД пред очите на нашиот народ и да разговарам за сите теми. Убеден сум дека нашата средба ќе донесе значителни промени, ама мислам дека нема да му дозволат да се сретнеме. Ќе чекаме трпеливо “, изјавил Мадуро.

Мадуро, исто така, рече дека е подготвен да преговара со опозицијата во Венецуела во корист на иднината на Венецуела.
Американскиот претседател Трамп ја поддржа венецуелската опозиција и нејзиниот водач, Хуан Гуаидо, кој на 23 јануари самиот се прогласи за привремен шеф на државата.

Покрај САД, опозицијата на Венецуела во преземањето на власта, исто така, ја поддржаа Израел, Бразил, Аргентина, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Еквадор, Гватемала, Панама и Парагвај.

Од друга страна, Турција, Иран, Русија, Кина, Боливија, Мексико, Куба и некои други земји продолжуваат да го признаваат легитимитетот и да ја поддржат власта на избраниот претседател на Венецуела Николас Мадуро.

Извор:n1info