Двајца пријатели, Џиа Хаисија и Џиа Венки, направија неверојатен потфат – за 10 години околу своето село засадиле над 10.000 дрвја.
Чудото е уште поголемо ако се знае дека Венки ги нема двете раце, а Хаисија е сосема слеп. Овие двајца мажи започнаа партнерство пред 13 години откако не можеа да најдат работа поради физички недостатоци.
Секое утро ги напуштат своите домови во 7 часот вооружени со чекан и железни шипки. Пред да започнат со работа, Венки го носи слепиот пријател преку реката. Веќе 13 години засадија 10.000 дрвја и не планираат да престанат.














