Претседателот на Словенија допатува во посета на Белград

0
188

Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска пристигна во Белград, за време на која ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесе агенција Анадолу (АА).

Pahor u Beogradu: Podržavam dijalog Beograda i Prištine

Тој беше пречекан од Вучиќ пред Палатата на Србија во Белград со државна почест и интонација на химните на двете земји.

Словенечкиот премиер Борут Пахор изјави дека го поддржува дијалогот Белград-Приштина, нудејќи ја помошта на Словенија во решавањето на ова прашање, како и поддршка на патот на Србија кон Европската унија, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Пахор, кој претстојува во трета посета на Србија, на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека Словенија ги поддржува амбициите на Србија да стане членка на ЕУ.

Заради тоа, за него беше важно да слушне што има Вучиќ да го каже во врска со прашања што се важни на европскиот пат, како што е прашањето за Косово.

“Како ваш пријател и пријател на државата, го поддржувам дијалогот и не гледам никаква алтернатива за него. Не знам кога и како ќе заврши тоа, тоа зависи од преговорите, ама она што може Словенија да помгне, му понудив искрена помош” , истакнал Пахор.