Бундеслига: Томас Дол е новиот тренер на Хановер

0
52

Искусниот германски фудбалски стручњак Томас Дол е новиот шеф на стручниот штаб на тимот Хановер 96, јавува Anadolu Agency (AA).

Управата на клубот синоќа соопшти дека со 52-годишниот Дол потпишале договор до крајот на следната сезона.

Поранешниот стратег на Борусија Дортмунд на тој начин се врати во Бундеслигата по успешните епизоди во Турција, Саудиска Арабија и во Унгарија.

Дол дојде во Хановер откако управата на клубот вчера го отпушти Андреј Брајтенритер, кој пред две години го воведе клубот во елитниот ранг на германскиот фудбалски фудбал.

На Дол му претстои грчевита борба за преживување, со оглед на тоа што Хановер го зазема 17. место на табелата во Бундеслигата, со само 11 бода.