Ердоган: На оние кои посегнуваат по спокојството на Турција нема да им признаеме право на живот

0
181

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на вечерата приредена синоќа од страна на градскиот огранок на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) на Газиантеп.

Ердоган истакна дека на оние кои посегнуваат по спокојството на Турција нема да им се признае право на живот.

Во врска со вчерашниот извршен напад од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз воената база на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак, претседателот Ердоган рече: “Ние овие ги разбиваме во пештерите во Џуди, во Габар, во Тендурек,  ви Кандил. Ете денеска повторно посакаа да направат грешка на ирачка страна. Полетаа нашите авиони, полетаа нашите беспилотни летала, нашите наоружани беспилотни летала и потоа сите беа приморани да се разбегаат. Веќе овие ќе ги задавиме во нивните пештери.”

ТРТ