Чевларот Океш Котујебакмаз (70) во работилница во турскииот град Кахраманмарас, со површина од еден квадратен метар, работи веќе две децении поправајќи чевли, јави агенцијата Анадилу (АА).
Пред околу 17 години во населбата Февзипаша, во областа Дулкадироглу, отворил мала работилница каде што немоште да се смети ниту греалка. И покрај ова, овој одличен мајстор, кој со ова работа се занимава пповеќе од 55 години, благодарен е за сè што има.

Тој потсети дека неговото семејство било сиромашно и дека после завршувањето на основното училиште морал да се вработи.
Тој потсети дека ја отворил работилницата двапати во 70-тите и 80-тите години, ама дека банкротирале бидејќи економската ситуација не била најдобра.
Денес би сакал да имам сопствен чирак и место каде би можел да обучувам некого на овој занает.
“Јас ја работам оваа работа педесет и пет години. Сум бил во оваа соба веќе 17 години. Малечка е. Не можам ниту да ставам електрична греалка. Имам две јакни кои ги носам и така работам. Морам да се облекувам добро, за да не ми биде ладно. Морам да работам “, рече Котујебакмаз.
Тој објасни дека има внуци и како не може, да им даде по некоја пара.
“Затоа работам. Овде има површина од еден квадратен метар, ама сум благодарен на тоа. Имам две деца и шест внучиња. Двете деца ги израснаи и одгледав со работа од овој квадратен метар “, се присетува Котуејбакмаз.

Тој објасни дека е благодарни за она што може да го направи, бидејќи денес има многу болни луѓе кои ја немаат оваа можност.
“Здрав сум, ако не бидам благодарен за тоа, на што ќе бидам …”, истакнал скромниот човек.
Фото:Faktor.ba










