Баерн сака да потроши уште 10 милиони евра на играч кој веќе го доведоа

0
207

Баварците одлучија да ја активираат клаузулата за откуп на францускиот репрезентативец за 35 милиони евра, а тој на лето ќе потпише петгодишен договор. Хасан Салихамиџиќ потврди дека преговорите со Павард траеле неколку месеци, ама бил среќен што на крајот овој 22-годишњак се согласил да дојде во Минхен.

Сепак, само две недели подоцна имало шпекулации дека Павард во Баерн можел да дојде пред што се мислело. Билд денес објави дека Баерн има намера да го донесе Павард во јануари и се обидува да организира трансфер со Штутгарт.

Баерн сака да ја зголеми конкуренцијата на десната страна пред решавачките натпревари во Бундеслигата и Лигата на шампионите, а Штутгарт понуди дополнителни 10 милиони евра за трансфер до крајот на овој месец. Ако Штутгарт се согласи, тогаш за Павард ќе заработи околу 45 милиони евра.

Но, ако лидерите на Штутгарт ја отфрлат оваа понуда од Баварците, тогаш на сите им е јасбо дека Павард ќе го носи дресот минхенскиот клуб на крајот од сезоната, а Штутгарт ќе добие 35 милиони евра.