Заменикот на косовскиот министер за дијаспора, Аријан Дачи, загинал во лавината во Брезовица, објавија приштинските медиуми на албански јазик.
Несреќата се случила во близина на скијачкиот центар “Брезовица”, на Шар Планина.
Според веб-страницата на Газета Експрес, полициски службеник во Урошевац, Басри Шабани, потврдил дека лавина во Брезовица однела човечки жртви.
Смртта на Аријана Дачи, син на поранешниот косовски парламентарен спикер, Неџад Дачи, за “Газета експрес“ беше потврдена од владата на Приштина .










